Сто шеесет велешани очекуваат секој момент да ги добијат решенијата со кои ќе го легализираат сопствениот дом. Станува збор за околу 6.000 диво изградени објекти во велешко. Сопствениците се заинтересирани за нивна легализација. Во Катастарот велат дека имаат полни раце работа. Се вадат имотни листови и се комплетира потребната документација. Работа имаат и геометрите од неколкуте приватни фирми. Проектот на Владата за легализација на дивоградбите со задоволство го прифатија сите сопственици на дивоградби во Велес и во другите населени места во Македонија. Со него многу семејства ќе решат еден битен проблем. Едно евро за квадратен метар и можност легализацијата да се плати во период од 12 месеци е само мотив плус секој кој има довоградба да ја легализира.
Сто шеесет велешани очекуваат секој момент да ги добијат решенијата со кои ќе го легализираат сопствениот дом.
Станува збор за околу 6.000 диво изградени објекти во велешко. Сопствениците се заинтересирани за нивна легализација. Во Катастарот велат дека имаат полни раце работа. Се вадат имотни листови и се комплетира потребната документација. Работа имаат и геометрите од неколкуте приватни фирми.
- Куќата ми е направена во 1968 година. Имам и платено комуналии, но имотен лист не можам да извадам. Сега ја започнав постапката. Во Катастарот ми велат дека сум имал изградено повеќе од тоа што со првичниот план сум смеел. Сега ќе ја легализирам и ќе решам за мене и моето семејство еден голем проблем - вели жител од населбата Камено Брдо
- Куќата ја изградив диво зашто немав пари да платам комуналии кои во тоа време беа високи. Со ризик ја направив бидејќи порано дивоизградените куќи што се градеа без план, се уриваа. За среќа, еве Владата го понуди ова решение. Ни дава можност да си ја легализирам куќата - вели жител од населбата Керамидна.
Проектот на Владата за легализација на дивоградбите со задоволство го прифатија сите сопственици на дивоградби во Велес и во другите населени места во Македонија. Со него многу семејства ќе решат еден битен проблем. Едно евро за квадратен метар и можност легализацијата да се плати во период од 12 месеци е само мотив плус секој кој има довоградба да ја легализира. Од досегашниот одзив на граѓаните се задоволни од Министерството за транспорт и врски.
- Со самото носење на Законот ја постигнавме целта. Со него дадовме еден правен статус на субјектите што бесправно се изградени во поранешните периоди кој од денешен аспект овозможува јакнење на капиталната моќ на граѓаните врз основа на легално изграден објект - вели Панче Тошковски, од Министерството за транспорт и врски.
Постапката за легализација Владата ја сведе на минимум се со цел граѓаните со едно евро за квадрат да можат да си ги легализираат диво изградените објекти. За ова од Министерството велат дека е потребно граѓаните правилно да бидат информирани.
- Општинската администрација е подготвена да ги прифати сите барања, но и да им објасни на граѓаните што е потребно за да се отпочне постапка за легализација. Апелирам секој кој има нелегален објект, а со овој Закон може да се легализира, да не ги чека последните денови за поднесување на документацијата - рече градоначалникот Горан Петров.